ЦЕЗАР САЛАТА НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН: Додадете ги омилените тестенини и ќе добиете вкусен освежителен ручек!

Вреди да се проба:

Реклама

Постојат безброј варијации на темата кога станува збор за салати, а во текот на летото често се одлучуваме за нив затоа што се полесни за подготовка.

Некои луѓе претпочитаат крцкава зелена салата со додатоци, а некои претпочитаат салата со тестенини, но тие можат да се комбинираат во една интересна и освежувачка варијанта на салата Цезар.

Реклама

Наместо јајца, оваа салата содржи авокадо, што придонесува да биде уште покремасто во споредба со оригиналната салата.

Состојки:

Дресинг:

Реклама
  • 1/4 чаша Дижон сенф
  • 1/4 чаша свежо исцеден сок од лимон
  • 2 лажици сос од Вустершир
  • 2 мали авокадо, излупени и исецкани
  • 1 лажица мелен лук
  • 2 лажички млечен намаз
  • 1/4 чаша екстра девствено маслиново масло
  • 1/2 чаша ситно рендан пармезан, и уште малку за сервирање
  • 1/4 лажичка свежо мелен црн пипер

За салата:

  • Околу 200 грама тестенини
  • 2 глави зелена салата
  • 1 и пол чаши крутони

Подготовка:

Во блендер ставете сенф, сок од лимон, сос од Вустершир, авокадо, лук и намаз и добро изблендирајте. Додека блендерот работи, полека додавајте маслиново масло, и кога ќе завршите, истурете се во еден сад, во кој ќе додадете рендан пармезан и бибер.

Ставете вода да зоврие и додадете ги тестенините. Гответе така што ќе станат ал денте, 8 до 10 минути, или според упатствата на пакувањето. Процедете и истурете во чист голем сад да се излади. Исечете ја зелената салата на парчиња околу 3 см и додајте ги во садот со тестенини. Истурете го преливот и добро измешајте ги сите состојки.

- Advertisement -

Додадете ги крутоните и украсете со пармезан. Може да послужите веднаш, или да го ставите во фрижидер да се излади, покриено. Ако не ја сервирате салатата веднаш, не додавајте ги крутоните во садот бидејќи ќе станат меки. Покријте ја салатата со пластична фолија и чувајте ја во фрижидер до 48 часа.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -