ЦВЕТ ПОГАЧА: Посипана со различни семиња и сигурно ќе ви успее од прв обид!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Направете мека и миризлива цветна погача по рецепт кој одговара за секого.

Нема ништо поубаво од тоа кога низ куќата се шири мирисот на домашен леб. Ако имате малку време, прескокнете го купувањето леб во продавница и сами измесете ја меката цветна погача.

- Advertisement -

Крцкава и воздушна внатрешност, посипана со разни семки, дефинитивно ќе ве воодушеви уште при првиот залак. Се прави брзо и лесно, а единствена мана е тоа што се јаде за еден час, бидејќи е тешко да се одолее.

Состојки:

  • 350 мл топло млеко
  • 600 гр брашно
  • 30 гр квасец
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 јајце за премачкување
  • 1 лажичка сол
  • семки за посипување (сончоглед, лен, сусам)

Подготовка:

Издробете го квасецот, измешајте го со шеќерот и половина од топлото млеко, па оставете го да се активира околу 10 минути. За тоа време измешајте го брашното со прашокот за пециво и солта, па додајте го маслото и преостанатото млеко, а потоа и квасецот.

Замесете мазно тесто. Покријте со чиста крпа и оставете го да се удвои во големина, околу еден час. После тоа повторно замесете тесто, па поделете го на 12 дела. Формирајте помали лепчиња, па наредете ги во кружен плех.

Изматете го јајцето, па премачкајте го секое топче и посипете ги со семки. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 40 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!