Хранлива чорба од зелени мешунки: Семеен ручек за десетка!

Вреди да се проба:

Реклама

Чорба за во секое време.

Состојки:

  • 900 гр боранија
  • 300 гр пилешко (по избор, може и без месо)
  • 1 главица кромид
  • 50-100 мл масло
  • 1 лажица сув зачин
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 јајце
  • бибер
  • лук во прав
  • листови магдонос

Подготовка:

Кромидот ситно се сечка, се додава масло и малку вода, па се става на оган да се динста. Кога кромидот ќе омекне и ќе испари водата, додадете ја боранијата, истурете ја водата, па додадете го сувиот зачин.

Реклама

Кога боранијата ќе зоврие, додадете го месото исечкано на коцки (се ќе се свари кога и боранијата ќе биде готова). Оставете го полупокриено на средна температура да се готви 30 минути.

По 30 минути проверете дали боранијата е сварена. Ако не е сварена, додадете уште вода и продолжете со готвењето, а доколку е така дозирајте ја количината на вода по желба.

Реклама

Додадете лук, бибер, магдонос (или комбинација од зачини по желба). Јајцето и павлаката изматете ги со малку ладна вода. Садот со боранијата тргнете го од оган, па додајте ги јајцето и павлаката и промешајте. Пробајте, доколку е потребно, додадете сол или зачини. Послужете топло.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -