ФРИТАТА СО ТИКВИЧКИ И ПАРМЕЗАН: Подгответе вистински италијански појадок за помалку од половина час!

Вреди да се проба:

Направете фритата од тиквички со овој едноставен рецепт.

Фритата е јадење по потекло од Италија, но брзо се раширило во остатокот од светот. Овде зеленчукот се комбинира со јајца, наликува на класичен омлет, но мора да се пече во рерна. Во садот, покрај јајца и зеленчук, можете да додадете сирење, шунка, пршута или било кој друг вид месо. Фритата се подготвува многу лесно, а освен начинот на печење, нема уникатен рецепт, можете да ги користите состојките кои моментално ги имате во фрижидер.

- Advertisement -

Овој рецепт за фритата од тиквички е одлично летно јадење кое е здраво и ќе ве држи сити до ручек.

Состојки:

  • 2 помали тиквички
  • 7 поголеми јајца
  • 100 гр пармезан сирење
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кромид
  • сол, бибер
  • малку свеж магдонос

Подготовка:

Во тава загрејте го маслиновото масло, па пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне. Тиквичките добро измијте ги, извадете ги врвовите, па исечете ги на тенки прстени. Кога кромидот ќе се застакли, додадете ги тиквичките и динстајте ги нежно 5-10 минути.

Јајцата се матат, се додаваат зачините и пармезанот, па сè рамномерно се прелива врз тиквичките. Не мешајте, туку покријте ја тавата и печете околу 10 минути во рерна загреана на 180 степени или додека смесата не почне да се одвојува од рабовите. Магдоносот ситно исечкајте го, па пред послужување посипете го врз фритата и послужете.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!