Еве рецепт за универзално тесто без јајца.




Од тестото подготвено по овој рецепт, можете да направите солени или слатки кифлички, како и разни печива и лебови. Количините во рецептот се поголеми, па дел од тестото можете да го чувате во фрижидер или замрзнувач, но доколку сакате веднаш да го искористите, малку намалете ја количината на брашно.




Состојки:
- 10 до 12 чаши брашно (шолја 200 мл)
- 4 чаши топла вода
- 6 лажички шеќер
- 4 лажички сув квасец
- 1 шолја масло
- 2 лажички сол
Подготовка:




Измешајте вода, шеќер и квасец и оставете две до три минути. Потоа додадете масло, сол и брашно. Месете го тестото, мора да биде влажно, но не лепливо. Оставете го да отстои околу 10 минути, а потоа измешајте го. Повторете ја истата постапка 4 до 5 пати.




Кога ќе ја формирате формата што ја сакате, печете на 200 степени 20 до 30 минути, во зависност од дебелината на тестото.




Од ова тесто можете да подготвите различни видови пецива. Исечете го на 3 дела и испечете француски долги лебови. Ако додадете коцки чоколадо, ќе добиете чоколаден леб. Од него можете да направите и кифлички – празни или исполнети со солен или сладок фил. Пред печење можете да ги посипете со сусам, ким, афион.
Пријатно!