Во оригиналниот рецепт полнењето во питата се состои од чоколаден пудинг, но постепено е заменет со фил од чоколаден мус.




Француската свилена пита нема никаква поврзаност со Франција. Станува збор за американски изум за време на еден наптревар, осмислен во педесетите години на минатиот век. Питата го добила името по раскошната текстура која е толку нежна и се лизга со леснотија како најмека свила.
Со обзир дека станува збор за десерт кој мора да се стави во фрижидер пред служење, базата на питата е сочинета од мелен кекс со путер кој не губи на текстура после ладењето.
Во овој рецепт важно е да се користат сирови јајца. Ако немате домашни јајца, тогаш купечките јајца изматите ги полека на пареа со шеќер и додадете ги во рецептот.




Состојки за кората:
- 200 гр. чајни кекси
- 85 гр. путер
Состојки за фил:
- 200 гр. шеќер
- 170 гр. омекнат путер
- 85 гр. темна чоколада
- 3 јајца
- 2 лажички ликер или рум
- шлаг за декорација




Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Сомелете ги чајните кекси во ситен прав и измешајте ги заедно со путерот. Мешајте додека не добиете малку влажна смеса.
Во калап за пречење истурете ја смесата од кексот заедно со путерот и распоредете ја рамномерно на дното втиснувајќи ја со прстите.




Ставете да се пече во загреана рерна околу 10-12 минути, додека да се стегне основата.
Извадете од рерна и оставете да се олади основата за питата.
Доека се олади основата направете го филот. Стопете ја чоколадата во микробранова или на пареа. Потоа со миксер изматере го путерот и шеќерот во крем. За тоа ќе ви биде потребно околу 3 минути матење.




Во путерот додадете го растопеното чоколадо и ликерот (или рум).
Постепено додавајте ги јајцата, едно по едно, матејќи со миксерот додека не добиете мек и нежен фил. Премачкајте го добиениот фил врз оладената основа и ставете во фрижидер да стегне 2 до 4 часа.




Откако ќе се олади француската свилена пита премачкајте ја со шлаг пена.
Одозгора по желба можете да ја украсите со малку рендано чоколадо.
Пријатен апетит!