Совршен спој на вкусови и арома која мами и отвора апетит.




Состојки:
- 500 г брашно (состојки за фокача)
- 25 г свеж квасец (состојки за фокача)
- ½ лажиче шеќер (состојки за фокача)
- 250 мл млеко (млако) (состојки за фокача)
- 150 г кашкавал
- 150 г сланина
- 600 г компир
- малку маслиново масло
- малку сол
- малку ким




Подготовка:
Во поголем сад, измешајте ги сите потребни состојките за приготвување на фокачата. Месете се додека не добиете компактна смеса и оставете го тестото околу 60 до 90 минути, на топло и покриено, да нарасне.




Компирите измијте ги, излупете ги и ставете ги во зовриена вода неколку минути. Исечкајте ги на крукчиња и оставете ги да се исцеди водата.




Врз тава за печење, на хартија за печење, со раце, тестото за фокача растегнете го по целата површина. Оставете го околу 15 минути и повторно растегнете го. Попрскајте малку маслиново масло.
Врз тестото наредете ги крукчињата компир и наросете сол и ким. Печете 25 минути, на 220 степени.




Врз компирите наредете го кашкавалот и сланинката и печете уште 5 минути. Оставете малку да се олади и сервирајте ја фокачата.




Добар апетит!
Извор: migusto.mk