Летото се приближува, а со тоа и желбата на многумина да изгубат неколку сантиметри во половината. Бидејќи веќе е познато дека гладот нема никаков ефект, ви предлагаме рецепт за вкусен оброк од салата со кој ќе бидете сити, а линијата ќе можете да ја прилагодите по ваш вкус.
Состојки:
- 2 краставици
- 2 домати
- 1 црвена пиперка
- 1 главица кромид помала
- 1/2 главица зелена салата
- 8-10 маслинки
- 100 гр фета сирење
- сол, бибер
- маслиново масло
- листови магдонос
Подготовка:
Исечете ја фетата на коцки, прелијте ја со маслиново масло и ситно исецкани лисја од магдонос. Нежно промешајте и оставете да отстои.
Измијте го зеленчукот, исечете ја зелената салата на парчиња со големина на залак, исечете го доматот на парчиња, краставицата на прстени, маслинките преполовете ги и кромидот ситно исечкајте го.
Во подлабок сад, комбинирајте зеленчук, сол и бибер по вкус, додадете подготвено фета сирење и, доколку е потребно, малку повеќе маслиново масло. Се лесно измешајте и послужете ја грчката салата.
На здравје!