Феноменален рецепт за ЧОКОЛАДНА пица: За сите кои обожаваат чоколадо!

Вреди да се проба:

Реклама

Топло тесто покриено со три вида чоколадо и Нутела, звучи неодоливо, нели? При правење слатка пица можете да си играте со разни додатоци; бонбони, карамела, овошје и путер од кикирики. Се што ви треба е малку напор и многу имагинација, а резултатот сигурно нема да го пропуштите!

Состојки:

Тесто:

Реклама
  • 250 гр брашно
  • 12 гр шеќер
  • 1 1/4 лажичка инстант квасец
  • 3/4 лажиче сол
  • 3 лажици растително масло
  • 3/4 чаша топла вода
  • 2 лажички путер, стопен

Фил:

  • 100 гр Нутела
  • 60 гр црно чоколадо ситно исецкано
  • 60 гр бело чоколадо ситно исецкано
  • 60 гр млечно чоколадо, сецкано

Подготовка:

Во голем сад ставете брашно, шеќер, квасец и сол, додајте масло и мешајте се додека тестото не стане компактно. Постепено се става топла вода. Месете додека тестото не стане мазно и еластично, но не и суво. Ако тестото е се уште многу лепливо, постепено додавајте го брашното додека не се формира посакуваната текстура на тестото.

Реклама

Пренесете го тестото во подмачкана тава, покријте го со проѕирна фолија и ставете го на топло место да нарасне додека не се зголеми двојно, 45 минути до еден час. За време на последните 15 минути од кревањето, вклучете ја рерната на 230 степени.

Поставете плех (по можност круг) со хартија за печење. Расукајте го тестото и ставете го во плех. Премачкајте го со стопен путер. Печете го тестото додека не стане малку крцкаво и златно-кафеаво, околу 10-12 минути. Извадете го од рерна и веднаш намачкајте Нутела преку тестото, па посипете го со три вида чоколадо.

Вратете ја пицата во рерна и печете кратко додека не почне да се топи чоколадото, две до три минути. Не печете премногу долго бидејќи чоколадото ќе се зацврсти. Исечете ја пицата во триаголници и уживајте во слатките закуски!

- Advertisement -

Како додаток одозгора и по ваш вкус можете да ставите исецкана банана или јагоди за декорација или побогат вкус!

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -