За сите љубители на празот и сирењето, ова е пита приготвена на малку понаков начин.




Многу брзо се приготвува. Единствено време ќе ви одземе чистењето и сечкањето на празот. Малку се пропржува колку да омекне, се остава да излади, а потоа се меша заедно со сите други состојки.
Ако ја печете во помал калап ќе излезе повисока, а во потенок калап, питата ќе биде пониска.




Состојки:
- 500 г праз (околу 4 поголеми страка)
- 400 мл топло млеко
- 250 г брашно
- 250 г сирење
- 8 г прашок за печиво или ½ кесичка
- 4 јајца
- сол и црн пипер по вкус
- масло




Подготовка:
Празот исчистете го, расечете го на половина, па добро измијте го по млаз ладна вода. Исечете го по должина, на полукругови и испржете го на загреано масло. Откако ќе омекне, оставете г да излади.




Во подлабок сад ставете брашно, изматени јајца со виљушка, прашок за печиво, млако млеко, издробено сирење, посолете и запиперете по вкус. Убаво промешајте за да се соединат состојките.




Смесата излејте ја во добро намастена тркалезна тепсија (или плех со средна величина) и ставете да се пече половина час во претходно загреана рерна на 200 степени.
Се пече на 180-200 степени околу 30-45 минути.
Готовата пита превртете ја врз чинија за послужување, исечете ја на парчиња и послужете ја со некое убаво бело вино или јогурт.




Може да биде неделен појадок или вечера, а може да се послужи и како предјадење или закуска за гостите.
Оваа пита подеднакво е убава и кога е ладна, дури за мене и поубава. Ако сакате потенка пита, печете ја во тепсија со пречник од 30 см и подесете го времето на печење според вашата рерна.




Пријатен апетит!