Не мора да бидете врвен готвач за да го направите овој колач кој навистина е вкусен како што изгледа.
Потребни состојки:
- 500 гр. лиснато тесто во блок
- 2 црвени јаболки
- сок од половина лимон
- 1 лажица брашно (за попрскување на површината)
- 3 лажици мармалад од кајсија
- цимет
- шеќер во прав (по желба)




Начин на подготовка:
Исчистете ги јаболката, исечете ги на тенки лентички и ставете ги во сад во кој претходно сте го раствориле лимоновиот сок со вода. Потоа садот со јаболката ставете го во микробранова околу 3 минути за да омекнат.




Попрскајте ја површината за работната маса со брашно и врз неа поставете го лиснатото тесто. Исечете го на 6 долгнавести парчиња, намачкајте го со мармалад од кајсии и наредете го со тенко исечените парчиња јаболка како на сликата. Јаболката треба претходно да ги исцедите од течноста.




Попрскајте ги со цимет и замотајте го тестото во форма на мали ружички. Секоја од ружичките ставете ја во калап за печење.




Печете на температура од 200 степени, околу 40-45 минути, додека убаво не се испечат. На крај попрскајте ги со шеќер во прав.



