Реклама
Послужете ги топли со намаз и вашиот омилен млечен производ.




Состојки:
- 1 јајце
- 150 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 прстофат сол
- 125 мл млеко
- 125 гр кашкавал
- масло за пржење
Подготовка:




Истурете брашно во подлабок сад, додадете прашок за пециво, сол и измешајте. Направете дупка во средината, додадете изматено јајце, 4 лажици млеко и измешајте. Потоа, истурете го преостанатото млеко и замесете подебело тесто.
Реклама




Додадете рендан кашкавал и замесете се. Земете малку од смесата, обликувајте ги топчињата со дланките, израмнете ги малку и пржете во загреано масло. Ставете ги на кујнска хартија за да го исцедите вишокот маснотии.




Послужете ги топли со додаток по желба.
Реклама
Пријатно!