Уштипци од тиквички со сланина: Идеални за појадок или вечера!

Вреди да се проба:

Реклама

Брзо и вкусно јадење кое ќе ве држи долго време сити.

Состојки:

  • 1 кг тиквички
  • 3 јајца
  • 100 гр сланина исечена на тенки ленти
  • 2 главици кромид
  • 150 гр брашно
  • сол по вкус
  • црн бибер по вкус
  • масло по потреба

Начин на подготовка:

Излупете ги тиквичките, исчистете ги од семе и изрендајте ги на крупно ренде. Посолете ги и оставете да пуштат вода.

Реклама

Сланината и кромидот исецкајте ги на ситно па ставете ги во тава со масло и пропржете ги додека не порумени сланината, а кромидот не омекне.

Прецедете ги тиквичките од вишокот вода и ставете ги во длабок сад и додадете ги кромидот и сланината. Зачинете со сол, додадете јајца и брашно и добро промешајте. Со лажица вадете од смесата, оформете ги уштипците и пржете ги во врело масло неколку минути од двете страни.

Реклама

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -