Уштипци од мелено месо – Идеално предјадење што ќе го обожавате!

Вреди да се проба:

Реклама

Уштипците од мелено месо се подготвуваат многу лесно и брзо, а излегува многу. Тие се идеални за предјадење во комбинација со вашиот омилен пијалок.

Потребни состојки:

  • 300 гр мелено месо (свинско или мешано)
  • 3 јајца
  • 200 мл вода
  • 1 кеса прашок за пециво
  • 3 лажици масло
  • 5-6 лажици брашно
  • 1 лажица вегета
  • 4-5 чешниња лук (ситно сецкани)
  • 1 кромид (колку што е можно поситно сецкан)

Подготовка:

Ситно исецкајте ги лукот и кромидот.

Реклама

Во соодветен длабок сад, ставете ги сите состојки: мелено месо, јајца, брашно, прашок за пециво, вода и додадете го сецканиот кромид заедно со лукот. Зачинете со сол и бибер по вкус. измешајте ги добро сите состојки.

Од добиената смеса вадете ги уштипците со лажица и директно ставајте ги во тава со загреано масло. Најдобро е да ги пржите во врело масло, на умерена температура, неколку минути од двете страни се додека не добијат убава златна боја, т.е. додека не поруменат.

Реклама

Послужете додека се топли. Може да ги сервирате во комбинација со помфрит.

Овие уштипци се многу вкусни дури и ако се подготвуваат во сос од домати.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -