УРНЕБЕС торта: Кремасто волшебство со три фила!

Вреди да се проба:

Реклама

Ќе бидете воодушевени од вкусот.

Состојки:

  • 15 јајца
  • 200 гр рендано чоколадо
  • 100 гр кокос
  • 200 гр мелени ореви (или лешници)
  • 8 лажици брашно
  • 1 л млеко
  • 1 маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 30 лажици шеќер
  • 3 вреќички ванилин шеќер
  • 1 кеса прашок за пециво
  • 300 гр шлаг

Подготовка:

Прва кора: во сад за матење изматете 5 белки, во шамот додадете 5 лажици шеќер, кога ќе се растопи шеќерот, додадете 100 гр рендано чоколадо, лажица брашно и лажичка прашок за пециво и печете ја кората на 200 С околу 15 минути. Извадете ја да се излади.

Реклама

Втора кора: во сад за матење изматете 5 белки, додадете 5 лажици шеќер во шамот, кога шеќерот ќе се растопи, додадете 100 гр кокос, лажица брашно и лажичка прашок за пециво и печете ја кората на 200 степени околу 15 минути. Извадете ја да се излади.

Трета кора: во сад за матење изматете 5 белки во шам, додадете 5 лажици шеќер, кога шеќерот ќе се растопи, додадете 100 гр ореви или лешници, лажица брашно и лажичка прашок за пециво и печете ја кората на 200 C околу 15 минути. Извадете ја да се излади.

Реклама

За филот: Изматете 15 жолчки со 15 лажици шеќер, 200 мл млеко и 5 лажици брашно. Ставете го преостанатото млеко во сад да зоврие, додадете ја смесата од жолчка и варете неколку минути додека не ја добие потребната густина. Тргнете од шпоретот и изладете. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и соединете го со ладниот фил. Полнењето ќе го поделите на 3 дела.

Во првиот дел додадете рендано чоколадо, вториот ќе го оставите жолт и во третиот дел додадете ореви или лешници.

Редење на тортата: Првин ја ставате Чоколадната кора па жолтиот фил; потоа кора со кокос па чоколадниот фил и на крај кора со орев па филот со ореви. Украсете ја тортата со шлаг.

- Advertisement -

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -