ТУТМАНИК со сирење: Вртена пита за искусни домаќинки!

Вреди да се проба:

Реклама

Вртена пита со атрактивен изглед и совршен вкус.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 3 јајца
  • 100 гр путер
  • 130 мл вода
  • 100 мл јогурт
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 200 гр сирење

Подготовка:

Загрејте ја водата малку за да стане млака. Растворете го квасецот и шеќерот во неа. После мешањето, оставете да се подигне квасецот. Потоа додадете јогурт и јајца во смесата. Повторно добро промешајте. Додадете поголем дел од путерот, кој претходно е малку стопен или омекнат.

Реклама

Одделно просејте го брашното со солта и додајте го на влажните состојки. Месете меко тесто. Доколку е потребно, додадете малку повеќе брашно. Месете долго време додека тестото не стане многу меко и еластично. Откако ќе го замесите тестото, лесно намастете го и оставете го во сад да стаса.

Откако ќе ја удвоите неговата големина, извадете го и поделете го на 5 топчиња. Расукајте го секое топче. Подмачкајте ги со преостанатиот стопен путер и повторно замесете. Потоа повторно се расукајте ги. Секоја кора посипете ја со рендано сирење. Се замотуваат во долги ролни и се редат во подмачкан плех. Оставете така повторно да нарасне на топлина пред да го ставите во рерна.

Реклама

Печете на 190 степени околу еден час или додека не порумени тутманикот.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -