Реклама
Велат дека ова е еден од најубавите десерти на светот.




Состојки:
- 1 литар млеко
- 30 гр. кокосово брашно
- 100 гр. путер
- 6 лажички пченичен гриз
- 1 шолја шеќер
- 1 ванилин шеќер




Подготовка:
Во сад најпрво растопете го путерот, додадете гриз и мешајте околу една минута додека да се соедини.
Реклама
Истурете го млекото и продолжете со мешање. Додадете го ванилиниот шеќер и ставете да се готви на оган, додека да се згусти смесата.




Потоа, во истата смеса, додадете го кокосовото брашно, промешајте и продолжете да готвите на оган уште 3-4 минути.
Реклама
Десертот ставете го во садови за служење и оставете да се олади.




По желба можете да декорирате со кокос, мелени ореви или цимет.