Реклама
Прекрасен вкус, брза и лесна подготовка.




Состојки:
- 500 гр кори за пита
За обложување:
Реклама
- 1/2 чаша вода
- 1/2 чаша млеко
- 2 јајца
- 1/2 чаша масло
За фил:
- фета сирење
- кашкавал
- магдонос
Повеќе:
Реклама
- сусам
- жолчки
Подготовка:




Изматете вода, млеко, јајца и масло. Ставете една кора на плех, па премачкајте ја со смесата од јајца. Потоа натопете 2 кори во оваа смеса и ставете ги на првата кора.




Раздробете ја фетата, изрендајте го кашкавалот и исецкајте магдонос, а потоа сето тоа соединете го. Добиениот фил посипете го врз кората. Додадете уште 2 кори кои претходно ги натопивте во смесата со јајца, потоа филот. Наредете вака додека не потрошите се.




Покријте ја питата со последната кора, убаво изматете жолчки, па премачкајте одозгора и посипете со сусам. Печете на 200 ° C околу 30 минути.
- Advertisement -
Пријатно!