Турли тава на македонски начин – Прекрасен ручек!

Вреди да се проба:

Реклама

Турли тавата, како и сé друго, се прави различно насекаде. Зависи од традицијата, од вкусовите во семејството, но и од она што во моментот го имаме дома.

Состојки:

  • мешано месо, телешко, свинско, јагнешко, колбаси
  • 1 главица кромид
  • 2 компира
  • 1 морков
  • 2 пиперки каварџик
  • 2 големи домати
  • 2 црвени пиперки
  • неколку бамји
  • сува пиперка
  • 2-3 чешниња лук
  • сол, дафинов лист, сушен зачин, црвен пипер
  • зејтин
  • 1 лажица брашно.

Подготовка:

Ако имате месо останато, исечете го на коцки и ставете го во тава за печење, по можност земјена. Исто и колбасаите.

Реклама

Другото месо, неподготвеното, испржете го на коцки, (во случајот, моето беше телешкото), па додадете водичка и дафинов лист да се динста. Исечете го на крупно зеленчукот, дури и кромидот, па така ставете сé на зејтин да се пржи.

Кога е убаво испржено, зачинете, додадете го во тавата, додадете го и динстаното месо со течноста, брашно 1 лажица (во ладна вода растворено), размешајте и ставете на најсилна температура да се пече. Штом почне да се зацрвува, намалете ја температурата на 200, може и на 180, зашто треба да се пече на тивко.
Превртете ја содржината еднаш до два пати за да се испече од сите страни.

Реклама

Течноста треба да се контролира, се додава по малку вода, ако треба, за да се направи убав сос. Месото, доколку е потврдо, постаро, подобро е убаво да е издинстано претходно. Прво се пржи, за поубав вкус, а и сите состојки се зачувуваат на тој начин.

Изборот на месото е ваш, според приликите, нема правило. Сечењето е покрупно, тоа му дава карактеристика на јадењето, повкусно е за вакви јадења, но и тоа е ваш избор.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -