Да се потсетиме на традиционалните јадења.




Состојки:
- 3 компири
- 3 моркови
- 2 свежи пиперки
- 2 домати
- 1 кромид
- 1 страк праз
- 5 чешниња лук
- 2 помали тиквички
- половина од помала главица зелка
- 350 гр свежо месо
- сол
- бибер
- сув зачин
- масло




Подготовка:
Исечете го целиот зеленчук на помали парчиња и зачинете по вкус.
- Advertisement -
Подмачкајте глинен сад со масло, или доколку немате таков сад може и подлабоко тенџере.




Потоа почнете да редите во садот, ред месо, ред зеленчук наизменично. Истурете вода врз сето тоа и печете 2,5 до 3 часа во рерна на 200 степени.




Пријатен апетит!