ТРИК ЗА НАЈБРЗО ЛУПЕЊЕ НА ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ!

Вреди да се проба:

Ви пренесуваме и рецепт за ајвар од печени пиперки, без конзерванси.

Има одличен трик за полесно лупење на пиперките за ајвар. Ако сакате да ги излупите пиперките што ги печете, ставете ги во кесичка и врзете ја. Оставете да отстои малку, а потоа лушпата сама ќе се одвои и побрзо ќе оди лупењето.

- Advertisement -

Ви пренесуваме и рецепт за ајвар од печени пиперки, без конзерванси.

Состојки:

  • 15 кг пиперки
  • 5 кг модар патлиџан
  • 800 мл масло
  • 4 лажици сол
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици есенција (количината приспособете ја според вашите потреби).

Подготовка:

Измијте ги пиперките и модриот патлиџан и печете. Потоа исчистете ги од лушпите, стебленцата и семките и сомелете ги.

Во шерпа истурете 800 мл масло, загрејте го и додадете ги пиперките и модриот патлиџан. Додадете сол, шеќер и есенција. Гответе со постојано мешање.

Топлиот ајвар истурете го во врели стерилизирани тегли, затворете цврсто и вратете во рерна 90 минути на 90 степени. Оставете ги преку ноќ во рерна.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!