Подварок во земјен сад подготвен на старински начин: Традиционално јадење во зима!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова јадење е како создадено за во зима. Нема кој не го сака ова традиционално јадење.

Потребни состојки: 

  • 1 кисела зелка (до 2 кг)
  • 1 главица кромид
  • 150 мл свинска маст
  • Свинско месо
  • Свинска сланина
  • Бибер
  • Ловоров лист

Подготовка:

Исечете ја зелката на ситни парчиња, малку измијајте ја и процедете.

Реклама

Загрејте ја маста, па на неа издинстајте го ситно исечканиот кромид и зелката. Потоа додадете ги месото што претходно го исчекавте и пржете се заедно околу 20 минути.

Издинстаната смеса зачинете ја со бибер по вкус и ловоров лист, а потоа ставете ја во земјен сад.

Реклама

Парчињата сланина ставете ги над измешаната смеса. Печете додека зелката не стане мека, на 200 степени, околу 1 час и половина или 2 часа.

Добро се сервира со компир.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -