Традиционално: Гибаница со јогурт и млад кромид!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете традиционален неделен ручек, гибаница со јогурт и млад кромид. 

Состојки:

  • 500 гр готови кори (или домашно спремени како за баница)
  • 7-8 парчиња млад кромид
  • 100 мл јогурт
  • 4 јајца
  • Сол
  • 1/2 филџан масло

Подготовка:

Исецкајте го младиот кромид и додадете му 4 јајца, јогурт, половина филџан масло и сол по желба и измешајте се заедно. Ќе добиете мешавина дури и малку потенка од смесата за палачинки.

Реклама

Намастете го плехот за печење и наредете кора, па премачкајте ја смесата над неа, па повторно кора, потоа смесата и така до крај. Завршете по ред со смесата од јогурт и кромид.

Печете на 190 степени 30 минути.

Реклама

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -