Долми може да се подготват и за ручек и за вечера, и за секоја посебна пригода. Потребно е малку повеќе трпение при полнењето, но на крајот се исплати.




Во БиХ традиционално се подготвуваат соган долми (тур. Sogan dolmasi) или полнет кромид, особено за време на Рамазан и Бајрам. Долми може да се подготват и за ручек и за вечера, и за секоја посебна пригода.




Состојки:
- 1 кг кромид
- 500 гр. мелено месо
- 1 црвен кромид
- 1 морков (рендан)
- 6 лажици ориз
- зачини
- путер
- брашно
- доматен сос
Подготовка:




Кромидот исчистете го, малку исечкајте го од горната страна и издупчете го на долната страна. Може да се исечат и главите, а може да се стават и цели да се сварат за да омекне кромидот. Во водата ставете малку лимон или оцет. Кога главите ќе омекнат, ставете ги под ладна вода и одвојте го кромидот за фил.




Филот се подготвува така што во 5оо грама мелено месо се ставаат ситно сечкан кромид, еден рендан морков, шест лажици зачини (зачини од сув зеленчук, бибер и црвен пипер).




Наполнете го кромидот и наредете го во шерпата. Посебно пропржете една лажица путер, две лажици брашно и додадете 2-3 лажици доматен сос, прелијте со вода. Кога ќе зоврие додадете малку зачин од сувиот зеленчук и прелијте го кромидот. Оставете да се готви на тивок оган околу половина час.