Секогаш можете да купите различни видови пецива од пекарите, но зарем не е подобро да ги направите сами.




Сигурно веќе сте пробале баварски мафини, а сега имаме рецепт за нашето омилено пециво во Германија – баварските переци. Потребни ви се неколку едноставни состојки за тестото, а постапката за подготовка прочитајте ја подолу.
Состојки:
- 500 гр брашно
- 270 мл млеко
- 50 гр путер
- 2 лажици сол
- една лажица шеќер
- 1/3 коцка квасец
- 60 гр сода бикарбона
Подготовка:




Измешајте ги сувите состојки, освен сода бикарбоната, а потоа додадете ги млекото и квасецот. Добро измесете ги состојките, па додадете го путерот. Тестото за ова пециво се меси 8 минути. Потоа покријте го садот за тесто со влажна крпа и оставете го да отстои еден час.




Потоа масата поделете ја на 8 еднакви делови од кои ќе ги обликувате переците, откако ќе ги обликувате оставете го тестото да нарасне уште 15 минути. Потоа растворете сода бикарбона во три литри вода и загрејте ја водата до вриење. Суровите ѓевреци потоа се потопуваат во овој раствор една минута, по што ги редите во плех обложен со хартија за печење и ги посипувате со крупна сол.




Потоа переците ставете ги 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени.




Пријатно!