Традиционален рецепт ПРЖЕНИЦА: Како се прави едно старо зимско јадење!

Вреди да се проба:

Реклама

Прженицата може да се чува долго во фрижидер или да се нареди во замрзнувач и да се извади по потреба. Вкусно и традиционално јадење. Рецептот е навистина стар. Малку заборавен.

Состојки:

  • 700 гр излупен кромид
  • 700 гр исчистен праз
  • 1 лажица масло
  • 1 кг варено месо од свинска глава
  • 1 кг варен црн дроб
  • 1 кг варени црева
  • 300 гр мали чварки
  • 2 чешниња лук
  • 4 ловорови листа
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • црвена пиперка по вкус

Подготовка:

Свареното месо одделете го и исечете го на помали парчиња. Исечете го црниот дроб на коцки. Цревата исечете ги на парчиња. Загрејте ја маста.

Реклама

Додадете кромид исечкан на коцки, посолете малку и пропржете додека не стане стаклен кромидот. Додадете го празот исечкан на прстени и продолжете со пржење.
Кога кромидот ќе порумени, додадете го месото, црниот дроб, измешајте и пржете околу 10 минути. Додадете ги цревата.

Измешајте се и додадете лук и зачини. Додека се пржат состојките и месото, испуштаат сокови. Пржете додека не испари водата. Додадете во смесата чварки. Прженицата е готова за сервирање.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -