Традиционален рецепт за пивтии!

Вреди да се проба:

Реклама

Зимата е вечна инспирација за правење пивтии.

Ладното време бара квалитетна и јака храна. Пивтијата е токму овој вид на јадење: вкусна, мека и калорична. Лесно се подготвуваат и се јадат во сладост.

Реклама

Состојки:

  • 2 свежи свински бута
  • 2 чадени свински бута
  • 2 говедски нозе
  • 6 зрна бибер
  • 2 листови ловор
  • 1 главица лук
  • мелен пипер
  • сол

Подготовка:

Свинските и телешките нозе добро треба да се исчистени, изгребани, измиени, се ставаат во поголемо тенџере, се налеваат 5 литри вода и се оставаат да се варат на тивок оган.

Кога ќе зоврие извадете ја и фрлете ја пената. Кога пената ќе престане да избива, додадете ги зрната бибер, листот ловор и малку сол. Готвењето треба да трае околу 4-5 часа, односно додека месото не почне да се одвојува од коските. Водата треба да зоврие до половина и да биде полеплива.

Реклама

Тргнете го тенџерето од оган и оставете ја содржината малку да се смири. Соберете ја и фрлете ја маснотијата што лебди на површината. Потоа процедете го во ситно сито и одвојте го месото од коските.

Месото наредете го во неколку чинии, посипете со ситно сечкан лук, прелијте со процедената супа, посипете со мелен пипер одозгора и оставете на ладно место да се стегне. Посипете со мелена пиперка и послужете како ладно предјадење.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -