Традиционален македонски ПИНЏУР : Нема подобро!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Ова е едно од омилените македонски традиционални мезиња, кое секогаш е добредојдено да го има на маса.

Неодоливо вкусно во комбинација од пинџур намачкан врз топло или потпечено лепче со сирење. Нема ништо подобро од ова.

Потребни состојки:

  • 2 кг зелени пиперки
  • 1 кг домати
  • 1 модар патлиџан (поголем)
  • 3-4 чешниња лук
  • масло за готвење
  • малку сол

Подготовка:

Пиперките се печат, се ставаат во пластична кеса и откако малку ќе се оладат се лупат и им се вадат семките. Во кесата тие се задушуваат и полесно се лупат.

- Advertisement -

Доколку одберете темно зелени пиперки тогаш пинџурот ќе биде малку потемен.

Доматите се попаруваат со врела вода, се оставаат 2-3 минути да постојат во водата и пото лесно се лупат. Се сечкаат на не многу ситни парчиња, се сместуваат во тенџере, се ставаат на оган и се пржат додека течноста скоро исчезне но не смее да се со дозволи да се испари целата течност

Модриот патлиџан се пече на силен оган и се сече на парчиња.

Излупените пиперки, испрчениот домат и испечениот црн патлиџан се ставаат во блендер и се блендираат додека се иситни целата смеса, но не смее таа да изгледа како каша, треба да се забележуваат мали парчиња од пиперките.

Со вака добиената смеса може да се постапи на два начина:

  • Еден дел може да се смести во соодветен сад и да се смрзне, за зима или рана пролет, или кога ќе биде потребен.
  • Може да се спреми за јадење. Во тој дел се додава изгмечен лук, сол и масло според вкусот. Маслото може да се загрее, но и не мора (вака е поздраво). Добро се меша со дрвена лажица и уште така топол може да се консумира.

Совет плус: Доколку сте љубител на лут пинџур, тогаш може да се испече и некоја лута пиперка или едноставно на крај да се додаде лут буковец.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!