Најчестото јадење што луѓето сакаат да го пробаат додека се на одмор во Грција е традиционалната грчка мусака.




Затоа се потрудивме да ви најдеме оригинален рецепт со состојки и на начинот на кој ова вкусно јадење го прават Грците. Тврдењето дека вистинската грчка мусака не содржи компири е неточно, напротив.
Состојки за мусака:
- 500 гр. мелено месо (свинско, говедско или мешано месо)
- 4 лажици маслиново масло
- 4 средни модри патлиџани
- 4 средни тиквички
- 4 средни компири
- 1 ситно сечкан кромид
- 2 сечкани чешниња лук
- чаша црвено вино
- 1 лажичка цимет
- 1 / 2 лажички сол
- бибер по вкус
- 1 шолја малку концентриран сок од домати
- 1 лажичка доматно пире
- 1/2 лажичка шеќер
- 1 ситно сечкан магдонос
- 2-3 лажички рендано сирење халуми (бело сирење за печење)
Состојки за бешамел сос:
- 4 шолји млеко
- 2 лажици путер
- 4 лажици брашно
- 1/2 шолја рендано сирење халуми
- 1 изматено јајце
- малку цимет
- сол, бибер




Подготовка:
Чекор 1
Загрејте ја рерната на 180 ° C.
Модрите патлиџани исечкајте ги на тенки парчиња и посолете ги. Оставете ги да отстојат 15-20 минути и оставете ги да пуштат вода. Потоа ставете ги на хартија за печење ставена на дното од плехот, прелијте ги со масло и печете во загреана рерна околу 25 минути. Направете го истото со компирите и тиквичките, но не солете ги, пред печење, туку директно ставете ги во рерна.




Чекор 2
Во тава за пржење истурете маслиново масло и пропржете ги кромидот и лукот. Потоа додадете го меленото месо, а по неколку минути додадете го виното. Кога виното ќе испари, додадете сок од домати, доматно пире и шеќер. Промешајте и додадете цимет, бибер, сол и магдонос.




Чекор 3
Тргнете ја тавата од оган и кога смесата ќе се олади, истурете ја во огноотпорен сад. Пред тоа наредете ги компирите на дното на огноотпорниот сад. Над компирите ставете слој тиквички и слој модар патлиџан. Потоа додадете ја смесата со мелено месо и повторете ја постапката. На врвот треба да биде модар патлиџан.




Чекор 4
Направете бешамел сос. Истурете го путерот во помала тава на оган и кога ќе се растопи додадете го брашното. Промешајте 1-2 пати и истурете млеко. Оставете да зоврие, а потоа додадете цимет, сол, бибер, сиреење и јајце. Кога ќе биде готов бешамелот тргнете го од оган и прелијте го со модриот патлиџан.




Чекор 5
Површината посипете ја со рендано сирење халуми и печете во загреана рерна 45 минути или додека површината не порумени.
Предлогот за салата е дефинитивно салата од цацики, а доколку се прашувате што да засладите после вакво вкусно грчко јадење, ви предлагаме да направите лукумади како десерт – традиционални грчки крофни или совршена грчка пита со портокал.




Добар апетит!