ТОЧАК ТОРТА, старинска торта со едно јајце: Ефтина за подготовка, а има фантастичен вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Вкусот ќе ве воодушеви.

Состојки:

Кора:

Реклама
  • 1 јајце
  • 1 чаша шеќер (180 g)
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 чаша млеко (180 ml)
  • 8 лажици масло
  • 6 лажици џем од сливи
  • 2 чаши брашно (240 g)
  • 1 лажичка сода бикарбона

Состојки за филот:

  • 1,1 литар млеко
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 120 г пудинг од ванила
  • 1 лажица полна брашно
  • 250 гр путер или маргарин
  • 50-70 гр препечени ореви или лешници

Повеќе:

Реклама
  • малку орев или лешник за посипување

Подготовка:

За филот: Се мешаат млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер, пудингот од ванила и брашното и се варат со постојано мешање додека не се згусне. Покријте со проѕирна фолија и оставете да се излади. Изматете го изладениот пудинг, па додадете го маргаринот на собна температура и продолжете со матење. Додадете мелени ореви или лешници и соединете.

За кора: Јајцето изматете го со ванилиниот шеќер и постепено додавајте го шеќерот постојано мешајќи. Кога ќе добиете бела смеса додадете млеко, масло и џем од сливи. Соединете со лажица, потоа додадете брашно и сода бикарбона, па изматете.

Тавата за печење со димензии 42 × 30 cm обложете ја со хартија за печење и истурете ја смесата. Убаво израмнете и печете на 200 Целзиусови околу 10-12 минути. Користете чепкалка за заби за да проверите дали е готово. Изладената кора поделете ја на 4 ленти со еднаква ширина.

- Advertisement -

Премачкајте ја секоја лента. Првата замотајте ја во круг на средина на садот, ако распука на некој дел поправете го со филот. Останатите наполнети ленти наредете ги околу валаната лента така што ќе формирате круг. Потоа целата торта премачкајте ја со остатокот од филот. Посипете со мелени ореви или лешници.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -