Вкусно, кремасто, неодоливо!




Состојки за една кора: (печете две кори)
- 7 белки
- 350 гр кристален шеќер
- 1 лажица оцет
Фил 1:
- 1 литар млеко
- 3 пудинзи од ванила
- 14 жолчки
- 250 гр маргарин
- 300 гр мелени ореви или лешници (може да бидат 150 гр ореви, 150 гр мелени лешници по желба)
- 10 лажици шеќер
Фил 2:
- 400 мл слатка павлака
Декорација:
- шлаг
- бело чоколадо
Подготовка:




Прво вклучете ја рерната на 150 степени. Изматете ги белките да станат пенести и цврсти. Лесно додадете шеќер додека работи миксерот. Додадете го оцетот и продолжете да мешате додека масата не стане сјајна.




Ставете хартија за печење на плех со димензии 33 x 24 (или приближно), а потоа истурете ги изматените белки. Порамнете, не тапкајте долго. Ставете ја брзо во рерна, намалете ја температурата на 100-120 степени (во зависност од јачината на вашата рерна) и исушете ја околу час и половина, можеби и подолго ако сакате кората да биде многу сува и тврда. Така направете уште една кора и оставете да се излади.




Одвојте малку од литар млеко за да можете да го изматите пудингот. Останатото сварете го. Изматете ги жолчките со шеќерот и соединете ги со изматениот пудинг. Се вари во млеко и кога ќе згусне се остава филот да се излади.




Додадете го изматениот маргарин во ладниот фил, а потоа изматете се и измешајте мелени ореви или лешници. Изматете ја и слатката павлака.




Тортата се реди така што се става кора, половина од филот, слатка павлака, кора, фил, слатка павлака. Тортата ставете ја во фрижидер да се стегне и украсете ја со шлаг или бело чоколадо.
Пријатно!