ШУШКАВА торта: Ладна, крцкава и полна со сочен крем!

Вреди да се проба:

Реклама

Доколку немате многу време за печење и филување колачи, Шушкава торта е наш предлог за вас.

Состојки:

  • 230 грама лиснато тесто
  • 1 јајце
  • 60 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 10 грама брашно
  • 200 мл млеко
  • 30 грама путер
  • 200 мл слатка павлака

За украсување:

Реклама
  • 70 грама сецкани бадеми.

Подготовка:

Исечете го лиснатото тесто во ленти и ставете го во рерна да се пече 10 минути на 200 степени целзиусови.

Во сад изматете ги јајцето, шеќерот, брашното, ванилиниот шеќер и млекото. Ставете на рингла и сварете се како да е пудинг. Додадете путер, па префрлете го во сад и оставете да се излади.

Реклама

Изматете ја слатката павлака и додадете ја кремата која ја приготвивте. Комбинирајте се. Премачкајте богат слој од добиениот фил врз хартија за печење. Наредете го печеното, лиснато тесто и пополнете додека не се потроши материјалот. Потоа завиткајте ја тортата во хартија за печење и ставете ја добро да се излади во замрзнувачот. Потоа посипете со бадем и послужете.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -