Реклама
Постојат колачи што се прават многу едноставно и брзо, но уживањето во нив е немерливо.




Состојки:
- 2 пакувања бисквити од 500 гр
- 5 вреќички пудинг од карамела
- 1.700 мл млеко + 400 мл за шлаг
- 250 гр путер или маргарин
- 200 гр шеќер
- 300 гр шлаг со вкус на слатка павлака
- 500 мл слатка павлака (за премачкување торта)
Подготовка:




Пржете го шеќерот во тава кратко и истурете го млекото. Оставете малку млеко да го размешате пудингот (околу 300 – 400 мл). Гответе додека не се растопи карамелизираниот шеќер.
Реклама




Сварете го пудингот што го измешавте во млекото. Отстранете го филот од рингла и оставете да се излади. Изматете го путерот или маргаринот и измешајте со миксер во пудингот. Изматете го шлагот со 400 мл ладно млеко.




Сега почнете да ја редите тортата. Првин бисквит потоа фил, па шлаг пак бисквит, фил, шлаг и се така додека не го потрошите материјалот. На крај изматете слатка павлака и декорирајте ја тортата одозгора. Оставете да се излади и послижете.
Реклама




Пријатно!