ТОРТА СО ВИШНИ И АНАНАС: Сочно уживање со два филови што неодоливо наликува на познатиот Московски Шнит!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Вкусот на оваа торта неодоливо потсетува на познатиот московски шнит.

Бара малку повеќе подготовка но крајниот резултат вреди.

Состојки:

- Advertisement -

За корите:

  • 16 белки
  • 16 лажици шеќер
  • 24 лажици мелени ореви
  • 4 лажици мелени лешници
  • 4 лажици брашно

За полнење:

  • 16 жолчки
  • 12 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 500 мл млеко
  • 1 лажица густин
  • 250 гр путер

И повеќе:

  • 500 мл слатка павлака
  • 500 гр вишни
  • 1 мала лименка ананас
  • 150 гр сечкани лешници

Подготовка:

Измешајте 4 белки, па постепено додадете 4 лажици шеќер и матете додека не добиете тврд снег. Додадете 1 лажица брашно, 6 лажици мелени ореви и 1 лажица лешници, па сè нежно измешајте со блендер. Истурете во плех со димензии 23 x 33 cm и печете 10-12 минути на 200 C.

Постапката повторете ја и за останатите три кори. За филот убаво изматете ги жолчките со шеќер, па додајте го густинот и пудингот кои се измешани со 150 мл млеко и сето убаво измешајте. Остатокот од млекото ставете го да зоврие, па додадете ја оваа смеса. Гответе на тивок оган со постојано мешање додека не се згусне.

Кога ќе се излади додадете го изматениот путер и сето убаво измешајте. Пред да го наполните колачот изматете ја слатката павлака. На плехот прво се става кората, па се премачкува филот, се ставаат вишните, се посипуваат лешниците, па се става слатката павлака одозгора.

Потоа следува втората кора, филот, ананасот исечкан на коцки, лешниците и слатката павлака. Се става третата кора, па филот, вишните, ананасот, лешниците и слатката павлака. Одозгора ставете ја четвртата кора и украсете ја тортата по желба со шлаг и вишни. Оставете во фрижидер преку ноќ добро да се стегне.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!