Сладолед торта без печење е идеално освежување кога е жешко.
Десертите со сладолед секогаш се одлично решение, бидејќи се лесни и освежувачки. Целосниот вкус на овој десерт ќе ве натера да го правите цело време.
Состојки:
- 170 гр чоколадни колачиња
- 50 гр путер / маргарин
- 100 гр црно чоколадо
- 500 гр слатка павлака
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 200 гр кондензирано млеко
- 2 лажици какао
Подготовка:
Колачињата изгмечете ги во блендер, па префрлете ги во сад. Додадете стопен путер / маргарин и 1 лажица слатка павлака. Добро промешајте. Истурете ја смесата во калап со дијаметар од 18 см, добро притиснете и израмнете.
Растопете го чоколадото и 100 гр слатка павлака. Во преостанатата слатка павлака додадете екстракт од ванила и кондензирано млеко, па изматете. Поделете ја добиената мешавина на 2 дела и додадете какао на еден дел.
Прво, истурете неколку лажици црн фил врз колачињата, на неколку различни места, а потоа неколку лажици бел фил. Убаво пополнете ги филовите, па прелијте со чоколадна глазура одозгора. Ставете го во фрижидер неколку часа.
Уживајте!