Се подготвува лесно и прилично брзо.




Состојки:
Кора:
- 3 јајца
- 125 гр брашно
- 125 гр шеќер
- 50 гр какао
- 8 гр прашок за пециво
- 30 гр стопен путер + 20 мл сируп од карамела.
За кремот:
- 5 белки
- 300 гр шеќер во прав
- 15 гр желатин + 20 гр какао.
За глазура:
- 100 гр чоколадо
- 70 гр путер.
Подготовка:




Изматете јајца и шеќер, додадете растопен путер, брашно, какао и прашок за пециво, и се добро измешајте со миксер. Истурете во плех со дијаметар од 20 см со обрач, израмнете и печете 25 минути на 180 степени. Извадете ја кората на рамна подлога, премачкајте со карамел сос, а потоа вратете го обрачот од тавата.




Белките изматете ги со шеќер во прав, додадете го изматениот желатин и истурете половина од смесата врз кората, а во другата половина додадете 20 гр какао и изматете. Истурете го белиот фил и промешајте со лажица за лесно да направите шаренило. Израмнете и ставете во фрижидер два часа.




Растопете го чоколадото со путерот, потоа прелијте го изладениот колач и вратете го во фрижидер 30 минути.




Уживајте!