Навистина има многу рецепти за оваа торта, но суштината е иста за секoj.




Состојки на кора:
- 150 гр путер
- 20 гр шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- 6 јајца
- 140 гр чоколадо
- 120 гр шеќер
- 150 гр брашно




Состојки за фил:
- џем од кајсија
Состојки за глазура:
- 75 мл слатка павлака
- 20 гр путер
- 150 гр темно квалитетно чоколадо




Подготовка – торта Сахер:
Чекор 1: Изматете го путерот со шеќер во прав и ванила, а потоа додајте ги жолчките од јајце еден по еден со постојано мешање. Кога смесата ќе се соедини, додадете го растопеното чоколадо и промешајте.
Чекор 2 : Одделно изматете ги преостанатите белки со шеќер и измешајте ги во смесата од жолчки. На крај додадете го брашното и полека промешајте со жица за матење.
Чекор 3 : Истурете го тестото во намастен калап и печете околу 55 минути на 170 ° С.
Чекор 4 : Изладената кора исечете ја на половина и премачкајте ја со малку загреан џем.




Покријте со другата половина и премачкајте ја целата торта со џем. Оставете тортата малку да се исуши, па прелијте ја со чоколадната глазура.




Вашата торта Сахер е подготвена. Пријатен апетит!