Торта ПЕСОК: Сите ќе ја сакаат!

Вреди да се проба:

Реклама

Тортата на нашето детство и сите наши родендени.

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 300 гр шеќер
  • 4 кесички пудинг од ванила
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр мелени бисквити
  • 200 гр брашно од кокос
  • 200 гр мелени ореви

Потребно за украсување:

Реклама
  • 100 гр шлаг ванила
  • 200 мл млеко

Подготовка:

Според упатствата на пакувањето, подгответе 4 пудинга со вкус на ванила со 1 литар млеко и 300 гр шеќер. Изладете го пудингот, повремено мешајќи. Изматете 250 гр маргарин во длабок сад додека не се запени, а потоа постепено додавајте го оладениот пудинг, мешајќи.

Поделете ја добиената мешавина на 3 еднакви делови. Во  првиот дел додадете 200 гр мелени бисквити, во вториот дел додадете 200 гр брашно од кокос а во третиот дел додадете 200 гр мелени ореви.

Реклама

Со хартија за печење обложете округли калап со дијаметар од 26 см, а потоа истурете го првиот дел со бисквит и рамномерно распоредете го и ставете го во фрижидер. Нанесете го вториот дел со кокосово брашно над претходниот и распоредете го рамномерно. Внимателно и рамномерно нанесете го и третиот дел со мелените ореви, а потоа вратете го колачот во фрижидер да се зацврсти добро (по можност до следниот ден).

Изматете 100 гр шлаг со вкус на ванила со 200 мл млеко и украсете ја тортата од сите страни.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -