Мајонез торта со пиперки: Закуска на која нема да можете да и одолеете!

Вреди да се проба:

Солените торти се одлични за сите видови прослави, но исто така се и вкусно предјадење. За некој кој сака лесен оброк може да послужи и како главно јадење.

Состојки:

  • 15 пиперки
  • 3 јајца
  • 250 мл мајонез
  • 200 мл павлака
  • 200 гр шунка
  • 200 гр кашкавал
  • 100 гр брашно
  • масло по потреба
  • сол по вкус
  • сусам по желба
  • семки од сончоглед по желба

Подготовка:

Испечете ги пиперките, излупете ги и исчистете ги од семки, а потоа поделете ги на половини и испохувајте ги. Загрејте масло, и пиперката потопете ја првин во јајце па во брашно и пропржете кратко. Така повторете со сите пиперки.

- Advertisement -

Измешајте павлака и мајонез. Исечете ја шунката на тенки кругови, а кашкавалот на тенки парчиња.

Кога пиперката ќе се олади, распоредете ја во соодветен сад во кој ќе ја правите тортата. Почнете да редите по следниот редослед: похована пиперка на дното на садот потоа мешавина од мајонез и павлака, кругови шунка, пак павлака и мајонез смеса, парчиња кашкавал па пак мајонез и павлака смеса. Потоа повторете уште еднаш.

Наполнете ја тортата со преостанатата смеса. Посипете со рендан кашкавал, сусам и семки од сончоглед по желба.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!