“Наполеон“ торта со домашни кори: освојува од првиот залак!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Превкусен рецепт за торта ”Наполеон” што ќе ве освои на првото залче. Верувајте, воопшто не треба некоја надареност за да ја направите.

Потребни состојки:

За подготовна на корите:

  • 480 гр брашно
  • 250 гр путер (ладно)
  • 200 гр слатка павлака
  • 2 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица бел оцет
  • 1/2 лажиче сода
  • 1/2 лажичка сол
- Advertisement -

За подготовка на кремот:

  • 1,5 литри млеко
  • 30 мл коњак
  • 260 гр шеќер
  • 200 гр путер (на собна температура)
  • 120 гр брашно
  • 6 жолчки
  • 1 ванилин шеќер
  • кора од 1 лимон

Начин на подготовка:

Путерот, павлаката и јајцата за корите се матат во блендер. Во истиот сад се додава сода помешана со оцет, сол и ванилин шеќер.

Откако ќе добиете хомогена смеса постепено додавајте брашно и замесете тесто, кое не треба да биде лепливо. Доколку е потребно, додадете повеќе брашно. Добиеното тесто замотајте го со провидна стреч фолија и оставете го во фрижидер 1 час.

Потоа тестото се дели на 15 парчиња. Секое парче се сука во тенка кружна кора со дијаметар од 24 см, која се боде по површината со вилушка.

Корите се печат една по една 2-3 минути, во плех со хартија, во рерна загреана на 220 степени, со вентилатор. Последните две кори се печат повеќе од останатите и се оставаат да нараснат.

За кремот, 100 мл млеко се меша со жолчките, брашното и ванилиниот шеќер.
Преостанатото млеко се истура во тенџере и само се загрева со шеќер.

Истурете ја смесата со жолчките во млекото и варете со постојано мешање, додека не се добие густ крем. Вака добиениот густ крем тргнете го од оган, истурете го во друг сад, покријте со фолија и оставете да се излади. Потоа со матење додадете го путерот, рендана кора од лимон и коњак.

Корите се редат една врз друга, кремот се распоредува меѓу нив и на крај се завршува со крем. Тортата се оставете во фрижидер 6 часа, да стегне.

Двете кори кои се печат повеќе, со темно кафеава боја, се кршат и се мешаат со 3 лажици шеќер во прав.

Пред да ја послужите тортата, израмнете ја со нож и посипете ја мешавината од искршените кори и шеќер во прав.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!