Топчиња од смокви – Рецепт готов за 15 минути!

Вреди да се проба:

Реклама

Вкусот е феноменален и навистина посебен. Bие ќе бидете воодушевени и бидејќи овие смокви не се печени или варени, а подготвени се брзо, треба да ги подготвите ако имате суви смокви. 

Состојки:

  • 500гр сушени смокви
  • 1 портокал
  • 150гр  ореви
  • 150гр шеќер
  • Лажица рум по избор
  • Ванилин шеќер

Подготовка:

Исушените смокви исечкајте ги на помали парчиња и мелете ги. На мелените смокви додадете исцеден сок и изрендана кора од еден портокал, шеќер, мелени ореви, малку рум (навистина се повкусни со малку рум).

Реклама

Измешајте сè добро и формирајте мали топчиња. Ако сакате, измешајте ванилин шеќер во малку шеќер и извалајте ги претходно формираните топчиња.

И топчињата од смоква се подготвени и поспремни да се послужат целосно разладени.

Реклама

Идеално за Божиќ и празнично време на трпезата покрај другите колачи и десерти. Не ви требаат многу од нив, една топка од смоква е доволна за да се засладите.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -