ТОПЧИЊА од СИРЕЊЕ ПОЛНЕТИ СО МАСЛИНКИ: Од една смеса направете различни евтини предјадења кои се јадат во еден залак!

Вреди да се проба:

Подготовката на топчињата со сирење трае помалку од половина час.

Предјадењата се декоративни и вкусни, а има и различни рецепти кои ќе ја збогатат вашата празнична трпеза. Топчињата секако најлесно се подготвуваат, бидејќи од една смеса можете да направите неколку различни предјадења. Ви ги предлагаме овие топчиња од фета и крем сирење полнети со маслинки.

- Advertisement -

Состојки:

  • 180 гр фета сирење
  • 180 гр крем сирење
  • 1 конзерва маслинки без семка
  • 1 китка копар
  • 50 гр семе од сусам
  • 1-2 чешниња лук

Подготовка:

Фета сирењето измешајте го со крем сирењето и мелениот лук. Зачинете со сол и бибер, па земете малку од смесата, ставете една маслинка и обликувајте ја во топка.

Потоа топчињата се тркалаат во сечкан копар или тост сусам. Може да виткате и ситно сечкани ф’стаци или ореви.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!