ТОПЛА КОМПИР САЛАТА СО ТУНА: Совршен ручек за посни денови!

Вреди да се проба:

Реклама

Доколку барате идеја за денешниот ручек, на вистинското место сте.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 2 конзерви туна
  • црни маслинки без семка
  • 2 млади кромидчиња
  • 1 лажица сенф
  • 1 лимон
  • 3 лажици маслиново масло
  • бибер
  • неколку гранчиња свеж магдонос
  • копар

Подготовка:

Измијте ги компирите и варете ги сите со кора околу 30 минути или додека не омекнат. Кога ќе се сварат компирите, исплакнете ги во ладна вода и прелијте ги со сок од лимон, оставете ги малку да се изладат за полесно да се лупат и сечкаат, па излупете ги и исечете ги на кругови со еднаква дебелина.

Реклама

Исечкајте го кромидот, додадете го во компирот и внимателно измешајте. Измешајте масло, сенф, сечкан магдонос и зачин, сол и бибер и додадете. Измешајте ги компирите, додадете ја туната и маслинките и се убаво измешајте.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -