Толку е вкусно што не ви е потребно главно јадење: Богат зимски оброк салата со компири и јајца!

Вреди да се проба:

Задоволувачки и вкусно, може да се јаде како прилог на месо, но и како главно јадење!

Состојки:

  • 2 компири средна големина
  • 2 јајца
  • 100 гр сирење
  • 100 гр кашкавал
  • 1 кесичка мајонез
  • 5 кисели краставички
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Сварете ги компирите со лушпа. Варете ги и јајцата.

- Advertisement -

Кога ќе се изладат, излупете го компирот и изрендајте го на плех за салата или предјадење (во кое ќе служите). Додадете сол.

Бидете внимателни да не ги смачкате компирите, ставете слој од мајонез. Изрендајте го сирењето одозгора, па кашкавалот и на крај изрендајте ги варените јајца и сол. Посипете лесно со црн пипер.

Остатокот од мајонезот наредете го околу ренданите состојки и врз него наредете ги исечканите кисели краставички.

Украсете ја компир салатата по ваш вкус. Можете да ставите маслинки одозгора. Може да се користи и како главно јадење, бидејќи е многу заситувачка.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!