Тиркизни јајца фарбани со црвена зелка: Природна боја без мака!

Вреди да се проба:

Реклама

Ако сакате да пробате нешто креативно и автентично, користете состојки од вашата кујна.

Состојки:

  • јајца
  • црвена зелка
  • вода
  • оцет

Подготовка:

Исечете зелка онолку колку што мислите дека ви треба. Ситно исецкајте ја и ставете ја во шерпа со вода. Длабочината треба да биде таква што јајцата, кога ќе ги ставите подоцна, да бидат целосно покриени.

Реклама

Оставете ја зелката да зоврие и потоа додадете лажица – два оцет. Јајцата не треба да бидат ладни. Оставете ги да отстојат еден или два часа на собна температура пред да ги варите за да не ви испукаат. Кога ќе ги ставите во зелката варете ги јајцата 10 минути или подолго.

Потоа извадете ги од зелката и ставете ги во сад со ладна вода за да не се готват уште од сопствената топлина и да не се формираат зелени кругови околу жолчките.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -