Сега можете да го подготвите познатиот италијански десерт тирамису во форма на палачинка, кој не само што е вкусен туку и ефтин.




Ова е десерт кој лесно се прави, изгледа убаво и на сите ќе им се допадне. Ако сакате италијански десерти, тогаш задолжително пробајте панакота и канола.
Состојки:
За подготовка на палачинки:
- 3 јајца
- 300 мл млеко
- 200 гр брашно
- 10 г ванилин шеќер
- 15 гр какао
- прстофат сол
- 1 лажичка екстракт од ванила
За фил:
- 250 гр сирење маскарпоне
- 200 мл слатка павлака
- 100 гр шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 150 гр бисквит
- 300 мл кафе




Подготовка:
1. Јајцата се матат со ванилин шеќер и малку сол. Истурете ванила и млеко, промешајте и додадете брашно и какао. Добо измешајте ги состојките да добиете хомогена смеса.
2. Испечете ги палачинките.




3. Маскарпонето изматете го со шеќерот, па додадете ја слатката павлака и ванилата. Повторно измешајте ја смесата со миксер. Земете ја палачинката, во средината намачкајте го филот. Така направете поголем круг, па ставете го бисквитот. Прво преклопете ги страниците, а потоа валкајте ги во ролна.




Ставете ги во фрижидер да стегнат околу половина час.
Добар апетит!
Во продолжение погледнете ја постапката објаснете во видеото: