Тигар земички: Лесна подготовка на испукани земички!

Вреди да се проба:

Вкусни земички кои можете да ги користите како подлога за некој вкусен намаз.

Состојки:

Тесто:

- Advertisement -
  • 1/2 кг брашно
  • 1 вреќичка сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 60 мл топла вода
  • 230 мл топло млеко
  • 1 лажица масло
  • 1,5 лажичка сол

За обложување:

  • 1 вреќичка сув квасец
  • 180 мл млака вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка масло
  • 1/4 лажиче сол
  • 180 гр оризово брашно

Подготовка:

Од состојките за тестото замесете мазно тесто – со рака или со миксер. Оставете во покриен сад да стаса околу половина час. Измешајте ги состојките за облогата, а потоа оставете ги 15-20 минути, додека не станат пенливи.

Поделете го подигнатото тесто на 6 дела, а потоа секој дел обликувајте го во топче, кое треба да биде малку срамнето со дланката. Оформените топчиња наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Секое топче премачкајте го со мешавина за обложување во многу дебел слој. Оставете ги да стасаат 15-20 минути.

Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути, или додека кората не порумени. Тестото може да се подели на повеќе топчиња, но тогаш треба да го прилагодите времето за печење. Печете 8 топчиња околу 25 минути и 10 околу 20 минути. Во секој случај, погрижете се да добиете златно-кафеава обвивка.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!