Тетовското тавче е познат традиционален македонски специјалитет со фантастичен вкус кој ве остава без зборови.




Ова јадење најдобро е придружено со чаша квалитетен каберне совињон, црвено вино кое совршено ќе ја избалансира оваа количина различно месо.
Состојки:
- 400 грама свинска кремадела,
- 250 грама говедски бифтек,
- 200 грама мелено месо,
- 200 грама телешки црн црн дроб,
- 6 зелени свежи пиперки,
- 2 црвени суви пиперки,
- 1 домат,
- 1 главица кромид,
- 4 чешниња лук
- 200 мл павлака,
- 1 јајце,
- магдонос,
- ливчиња целер,
- 1 коцка за супа од пилешко месо и 1 коцка супа од говедско месо,
- 1 лажичка мешавина од зачини,
- масло,
- сол,
- мелен црн пипер




Подготовка:
Најпрво на скара се пече сето месо. Се пече свинската кременадла, говедското месо, телешкиот црн дроб и посолени и забиберени топчиња од мелено месо.




На загреано масло во тава, на умерен оган пропржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додадете ситно сецкани парчиња зелен и црвен пипер, домат, сечкан лук, магдонос, целер, зачинете со мешавина од зачини и додадете го пропрженото месо.




Потоа зачинете со сол и бибер и во тавата додадете ја претходно сварената супа од две коцки.
Истурете ја содржината во земјен сад за печење и печете 1 час на 200 степени.




Во меѓувреме измешајте ги јајцето и павлаката, после еден час печење додајте ги во земјениот сад. Вратете го садот во рерна и печете уште 15 минути.
Послужете во сад и украсете со гранчиња француски магдонос.




Пријатно!