Ќе потрошите малку време за овој едноставен оброк, и ќе уживате во кремастиот вкус.




Состојки:
- 450 гр тестенини
- 1 лажица путер
- 400 гр печурки
- 100 гр ситно сецкана сланина
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 250 мл вино
- 4 лажици павлака
- 40 гр пармезан
- 2 лажици магдонос
- бибер
- сол




Подготовка:
Сварете ги тестенините и стопете го путерот во тава на средна топлина. Додадете сецкан кромид, а по две минути лук. Додадете ситно сецкана сланина.




Кога кромидот ќе стане стаклен, а сланината ќе ги ослободи соковите, додадете ги исецканите печурки. Пржете десетина минути додека не испари течноста и омекнат печурките.




Истурете го виното и варете додека не испари. После тоа, добро промешајте и тргнете го од оган. Додадете сол и бибер. Додадете ги сварените тестенини и неколку лажици вода во која се вареле, па павлака, пармезан и две лажици сецкан магдонос.




Промешајте се полека, додајте малку повеќе сол ако е потребно.
Тргнете од оган и послужете топли тестенини.
Добар апетит!