Тестенини со мексикански болоњезе сос

Вреди да се проба:

Реклама

Денес го издвојуваме овој рецепт на приготвување тестенини, со болоњезе сос приготвен на мексикански начин.

Потребни состојки:

  • 400 гр. мелено месо
  • 200 гр. пире од домати
  • 150 гр. слатка пченка
  • 150 гр црвен грав
  • 1 кромид
  • мешавина од зачини (сол, бибер, вегета и црвен пипер)
  • сирење

Подготовка:

Се загрева вода во тенџере (околу 1Л). Кога водата ќе зоврие, во тенџерето се става една лажица сол и масло.

Реклама

Тестенините се готват околу 8-10 минути (во зависност од тестенините). После тоа ги оставаме тестенините во покриено тенџере. По 5 мин ги цедиме и подготвени се за јадење.

Припрема на болоњезе сос:

Се загрева маслото во тава и се остава кромидот малку да крчка.

Реклама

Кога кромидот ќе добие боја, го ставаме меленото месо.

Откако месото ќе добие сивкаста боја, се става 2 чаши вода и се месото да врие во водата.

После тоа се става едно пире од домат и се остава смесата да крчка.

- Advertisement -

Се додава пченка, црвен грав, мешавина од зачини (се меша лажица сол, бибер, вегета и црвен пипер во чаша).

Во чаша, се меша 2-3 лажици брашно со топла вода и се промежува. Сето тоа се додава во сосот и полека се меша додека не се згусне.

Кога ќе зоврие, се додава оригано по желба. Тестенините и сосот се подготвени за сервирање.

Се сервираат тестенините во чинија и се истура одозгора. На крајот се ренда сирење врз сосот и се декорира со малку оригано.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -